Калифорнија
Евакуирани 6.000 луѓе поради пожар во Јосемити
25.07.2022 09:53
Пожарот во калифорнија надвор од контрола. 6.000 луѓе се евакуирани...

Дел од Калифорнија е во вонредна состојба поради големиот шумски пожар што се шири низ националниот парк Јосемити и кој предизвика евакуација на повеќе од 6.000 луѓе. Уништени се повеќе домови. Вонредната состојба, која е прогласена во округот Марипоса. Државата Калифорнија може да побара помош од федералните агенции во гаснењето на пожарите. Во гаснењето учествуваат околу 400 пожарникари и четири хеликоптери.
Официјални лица соопштија дека не очекуваат пожарот да биде ставен под контрола до следната недела.
