Јапонија

Десетици евакуирани поради ерупција на вулкан

25.07.2022 10:04

Ерупција на вулкан во Јапонја со огромни количества чад, пепел и камења. Домовите ги напуштиле 33 жители, барајќи засолниште...

Ерупција на вулкан со огромни количества чад, пепел и камења, принуди на евакуација десетици жители од два града на јужниот јапонски остров Кјушју.

Големи камења паѓале дури и на 2,5 километри оддалеченост од кратерот на вулканот Сакураџима во јужниот дел на префектурата Кагошима, околу илјада километри југозападно од Токио. Домовите ги напуштиле 33 жители, барајќи засолниште во побезбедните делови на областа. Засега нема информации за штети или повредени.