Сообраќај

МВР: 355 санкции за брзо возење

25.07.2022 11:06

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 178 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 177 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 355 возачи.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 178 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 177 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел од МВР до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.