Македонија

Финансиската полиција поднесе претставка, се жали на постапките на Обвинителството

25.07.2022 12:38

Управата смета дека имало суштински недостатоци на наредбата за претрес, но и во начинот на постапување, при што се излегло надвор од рамките на законската пракса.

Финансиската полиција се жали на постапките на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое минатата недела чешлаше документација во управата. Поднесена е претставка до републичкиот обвинител Јовески.

Управата смета дека имало суштински недостатоци на наредбата за претрес, но и во начинот на постапување, при што се излегло надвор од рамките на законската пракса.

Управата тврди дека претресот на тимот на Рускоска бил неоснован, иако велат, му дале непречен пристап во нивните простории за спроведување на наредбата.

Обвинителката Рускоска минатата недела соопшти дека постапуваат по пријава на граѓанин за да проверат дали е основана.