Свет

Први егзекуции во Мјанмар по неколку децении

25.07.2022 12:39

Егзекутирани четворица демократски активисти во Мајанмар. Четворицата мажи биле егзекутирани поради „давање директиви, договарање и извршување заговори за брутални и нехумани терористички дела...

Воените власти на Мјанмар егзекутираа четворица продемократски активисти обвинети за помагање и поттикнување „терористички акти“.

Тоа се први смртни казни извршени во Мјанмар по неколку децении. Претходните егзекуции во Мјанмар биле вршени со бесење.

Минатиот месец Обединетите нации, американскиот Стејт департмент и Франција ја осудија одлуката за одбивање на жалбите против изречените смртни казни на обвинетите.

„Ова е јасен сигнал до мјанмарскиот народ од хунтата дека тие се подготвени да направат сè што е потребно, без оглед на прекршувањето на правата, се обидат да ја контролираат ситуацијата. Бидејќи се погубени, тоа ќе предизвика голем гнев, фрустрација и дополнителна решеност кај народот на Мјанмар да се ослободи од оваа воена хунта“, изјави Фил Робертсон, заменик-директор за Азија за Хјуман рајтс воч.

Четворицата мажи биле егзекутирани поради „давање директиви, договарање и извршување заговори за брутални и нехумани терористички дела. Се наведува дека се обвинети според законите за борба против тероризам, но не е наведено кога и како биле егзекутирани.

„Она што навистина го видовме во текот на изминатата година е ниво на одвојување од Меѓународната заедница. Мјанмар беше турнат на страна со образложение дека има и други места, како Украина или други места кои се поважни, и тие дозволија оваа ситуација да се влоши многу. Ја ограничи воената хунта која изгледа е подготвена да изврши злосторства против човештвото, против сопствениот народ за да ја наметне власта“, изјави Фил Робертсон.

Хунтата во февруари минатата година ја собори демократски избраната влада предводена од Националната лига за демократија на Онг Санг Су Чи, што доведе до масовни протести.

Марина Ристова