Наместо да се пензионираат приватните лекари може да подолжат да работат

15.04.2014 11:59

Ова важи за сите лекари носители на здравствена дејност во приватни здравствени установи со полно работно време и што не се под закуп.

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлука приватните лекари кои исполнуваат услов за пензија да можат да продолжат да работат ако се откажат од пензијата и ако имаат валидна дозвола за работа во здравствената мрежа.
 
Ова важи за сите лекари носители на здравствена дејност во приватни здравствени установи со полно работно време и што не се под закуп. Ќе можат да продолжат да работат  со Фондот за здравствено осигурување. Исто така, и концесионерите што исполниле услов за пензија, ако добијат нова лиценца од Министерството за здравство може да склучат договор со Фондот за да  продолжат да работат и на пациентите да им обезбедат континуирана здравствена заштита.
 
На овој начин делумно се решава проблемот кога носителот на дејност се пензионираше а вработените лекари и медицински сестри остануваа без работа. Ординацијата згаснуваше  од здравствената мрежа, а пациентите беа принудени да бараат матичен доктор на нова локација. 
 
Соња Стојановска