Партии

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања

25.07.2022 13:41

Опозициската партија обвинува дека власта уфрла свои инсталации во опозицијата, бидејќи како што велат, е свесна оти граѓаните се против штетниот договор. Во СДСМ се горди, како што велат, бидејќи во процесот на преговори е обезбеден чист македонски јазик...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања, но никој да попушти дали е потребен или не референдум за веќе потпишаната преговарачка рамка. Опозициската партија обвинува дека власта уфрла свои инсталации во опозицијата, бидејќи како што велат, е свесна оти граѓаните се против штетниот договор. Посочуваат дека власта се плаши од граѓаните и нивниот референдумски одговор.

Чуму ни е референдум – велат во СДСМ. Во партијата се горди, како што велат, бидејќи во процесот на преговори е обезбеден чист македонски јазик. Ова со референдумот е потфат на Мицкоски кој за потребите на партијата манипулира со нотарски изјави, па потоа промовира непотребен референдум, став на социјалдемократите.

И додека власта одбива одржување референдум, опозицијата консултира експерти во која форма тој да се поднесе и да се одржи.

Миле Ристески