Локализиран пожарот над Ѓавато, ветерот ги држи во неизвесност пожарникарите
Пожарот кај Ѓавато ставен под контрола. Надмината е опасноста огнот да се прошири во селото. Сè уште гори кај сртот на местото наречено Погана. Од Центарот за управување со кризи предупредуваат дека ситуацијата зависи од правецот на ветерот.

Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното население или околу 55 луѓе беа излезени на терен.
Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавато, пожарот беше концентриран на сртот на ридот на месноста наречена Погана.
Локалното население и денес под голем стрес, стравуваат од ветрот, но благодарни на екипите кои на терен се бореле со огнените пламени.
Од Центарот за управување со кризи објавија дека беа загрозени и ветерници во околината, како и препумпната станица со која со вода се полни Дојранското Езеро.
Стојне Митева
