Утре во „Македонија наутро“ ќе гледате...
За скопскиот земјотрес, настаните кои претходеа и следуваа по денот, обновата на градот и денешно модерно Скопје како атрактивна туристичка дестинација зборуваме со професорот Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и туристичкиот работник Гордана Јанакиеска.
26 јули 1963 година, 5 часот и 17 минути – утрото во кое се менува животот на Скопје и скопјани. Одбележуваме 59 години од кобните 20 секунди кои оставија траен белег во колективната меморија на главниот град и неговите жители. Природата ја покажа својата моќ тоа кобно утро одземајќи повеќе од 1.000 животи, но ние и светот покажавме дека заедно солидарно можеме да го обновиме нашето Скопје, да застанеме на нозе и да продолжиме да градиме спомени за генерациите по нас.
За скопскиот земјотрес, настаните кои претходеа и следуваа по денот, обновата на градот и денешно модерно Скопје како атрактивна туристичка дестинација зборуваме со професорот Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и туристичкиот работник Гордана Јанакиеска.
Во утринската програма евоцираме спомени за Скопје и со фотографот Александар Кондев кој преку неговата огромна ризница на фотографии и разгледници за Скопје зборува за значајните објекти кои го краселе и сè уште го красат градот, но и со многу познати јавни личности кои љубов и носталгија зборуваат за само нашето Скопје.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
