Собранието без кворум за работа
Не стивнуваат меѓусебните обвинувања на пратениците од власта и опозицијата кој е виновен и одговорен за неодржувањето на седниците. Од опозицијата посочија дека нема да прават кворум, туку власта ќе мора да си го обезбеди. Од власта, пак, обвинија за намерна опструкција...

Немањето кворум за работа на Собранието продолжува. А, не стивнуваат меѓусебните обвинувања на пратениците од власта и опозицијата кој е виновен и одговорен за неодржувањето на седниците. Од опозицијата посочија дека нема да прават кворум, туку власта ќе мора да си го обезбеди. Од власта, пак, обвинија за намерна опструкција.
Опозицијата реагираше, бидејќи наместо расправа за извештаите на Народниот правобранител, Судскиот совет и Антикорупциска комисија, интерпелациите, на дневен ред се други точки што претставувало преседан. Во ова тие гледаат скриени намери.
Претседателот на Собранието е дециден-недозволиво е да се земаат патни трошоци, а да не се влезе во салата.
Во петокот спикерот Џафери се закани дека ќе го распушти Собранието доколку пратениците продолжат да отсуствуваат од седниците.
Фиљана Кока
