Се санираат штетите од невремето во Кочани
Ноќеска и во текот на денот кочанчани ги санираат штетите од невремето. Сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија се нормализира, локалната власт ги повика граѓаните до први август да ги пријават штетите …

Се санираат штетите од синоќешното невреме во Кочани. За неполни два часа летната бура предизвика големи проблеми. Граѓаните расчистуваат и ги сумираат штетите од поплавите
Поплавени се училници и канцеларии во основното училиште „Кирил и Методиј“, и дел од производните хали на Амфенол. Штетите се големи и кај трговците во приземјето на градскиот трговски центар. Навремената реакција на надлежните спречи поголеми штети, вели градоначалникот Љупчо Папазов.
За среќа повредени нема, снабдувањето со електрична енергија се стабилизира и нема проблем во снабдувањето со вода. Општината објави повик за пријавување на штетите најдоцна до први август.
Во невремето, за неполни два часа во Кочани наврна дожд во количина од 51 литар на метар квадратен.
Славица Величковска
