МВР

Средба Спасовски- Која

25.07.2022 15:02

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашната успешна долгогодишна соработка и дискутираа за напредокот во реализирањето на заедничките проекти.

Денеска се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашната успешна долгогодишна соработка и дискутираа за напредокот во реализирањето на заедничките проекти.

Притоа, беше потврдена важноста на нашето сериозно партнерство кое се рефлектира и во фазата на подготовка на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Министерот Спасовски ја потврди отвореноста за продолжување на заедничките активности во насока на целосно исполнување на зацртаните иницијативи, соопштуваат од МВР.