Заштита на децата во летниот период
Земјава сè уште е под влијание на топлиот бран. Пеколните горештини продолжуваат до среда. Владата ја продолжи важноста на препораките за ослободување од работни обврски на ранливите групи, бремените и на лицата над 60 години, но, ова не важи за хронично болните. На удар се и децата кои треба да бидат заштитени, велат педијатрите. Дополнителен проблем е што периодов беснеат и стомачни вируси...

Од 12 до 18 часот, децата да не бидат изложени на сонце. Ваквите препораки од педијатрите се однесуваат дури и за најмалите кои се на годишен одмор и покрај море.
Пробиотиците се задолжителни на високите температури, потсетува Андоновски. Апелираат – внимателно и со сладоледите и со разладувачките напитоци.
Што се однесува на антибиотиците останува истото потсетување – да не се земаат на своја рака и особено не против вируси.
„Освен одомаќинетите вируси кои се редовни секое лето, не смее да се заборави и на Ковид-19. Иако со полесна слика, вирусот се покажа дека не ги одминува ниту децата.“
Катерина Топалова
