Македонија
Пожар кај Криволак, хеликоптер се вклучува во гасењето
25.07.2022 18:25
Беснее на непристапен терен, па веднаш е побарана интервенција од армиски хеликоптер, кој извршил неколку прелети и испуштил вода...

Денеска, пожар од поголем обем е регистриран на Криволак, кај стариот полигон.
Беснее на непристапен терен, па веднаш е побарана интервенција од армиски хеликоптер, кој извршил неколку прелети и испуштил вода. Гори нискостеблеста шума.
Инженерски единици на армијата веќе направиле заштитен обрач околу опожарениот дел за да се оневозможи ширење на огнот.
