IN MEMORIAM

Почина Зоран Нарашанов, генерален директор и претседател на УО на Винер

25.07.2022 18:33

Зоран Нарашанов долг период беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Винер“ осигурување, од каде рекоа дека го загубиле човекот, кој со 15 годишното неуморно водење и лидерство го трасирал патот на успехот...

На 57 годишна возраст почина Зоран Нарашанов. Тој долг период беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Винер“ осигурување, од каде рекоа дека го загубиле човекот, кој со 15 годишното неуморно водење и лидерство го трасирал патот на успехот.

Нарашанов беше доктор по економски науки. Во својата кариера бил дел од повеќе големи компании и институции, меѓу кои и од ракометната федерација.

Погребот ќе се изврши утре напладне, а претходно неговите посмртни останки бидат изложени во капелата на гробиштата во Бутел.