МВР

160 санкционирани возачи во Скопје

26.07.2022 08:53

На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 санкции за возење без возачка дозвола...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за некористење сигурносен појас, осум санкции технички неисправни и нерегистрирани возила, соопштуваат од МВР.