Новите амбасадори ќе ги претстават своите тези пред Комисијата за надворешна политика
Од МНР очекуваат во најбрзо време пополнување на испразнетите амбасадорски места, со цел зајакнување на дипломатско- конзуларната мрежа...

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика, своите тези за дипломатските активности ќе ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор во САД Зоран Попов, новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку и во Кралството Норвешка Дритон Куќи, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.
Од МНР очекуваат во најбрзо време пополнување на испразнетите амбасадорски места, со цел зајакнување на дипломатско- конзуларната мрежа, бидејќи како што велат, тоа е особено важно во овој важен и чувствителен период за надворешната политика и почнатите процеси- стратегискиот дијалог со САД и преговорите за полноправно членство со ЕУ.
На комисијата ќе се разгледуваат и предлог- законите за ратификација на протоколите за членството на Шведска и Данска во НАТО.
