Свет

Украина: Житото ќе се испорача до крајот на неделава

26.07.2022 09:38

Украинските пратки со жито ќе бидат подготвени за извоз во рок од неколку дена според договорот поддржан од ООН, откако рускиот напад на пристаништето Одеса фрли сомнеж дека Москва ќе го испочитува договорот...

Украинските пратки со жито ќе бидат подготвени за извоз во рок од неколку дена според договорот поддржан од ООН, откако рускиот напад на пристаништето Одеса фрли сомнеж дека Москва ќе го испочитува договорот.

„Сите страни ја потврдија својата подготвеност. Очекуваме дека првиот брод може да заплови во рок од неколку дена“, изјави Фархан Хак, заменик-портпарол на ООН.

Турскиот претседател Ердоган ги повика Киев и Москва да ги исполнат обврските од потпишаниот договор. И Русија и Украина се главни светски снабдувачи на пченица. Со конфликтот се предизвика глобална криза која остави 47 милиони луѓе гладни – велат од светската програма за храна.