КАНАДА
Двајца убиени при пукотница во Ванкувер
26.07.2022 09:49
Вооружен маж со часови се движел низ предградие на Ванкувер и застрелал четири лица, од кои две фатално...

Вооружен маж со часови се движел низ предградие на Ванкувер и застрелал четири лица, од кои две фатално.
Најпрвин отворил оган во казино, па пукал во центар за бездомници и други локации пред да биде убиен од полицијата.
Целта на напаѓачот биле бездомници. Тој бил идентификуван и познат на полицијата.
