Време

Македонија до утре под влијание на топол бран

26.07.2022 09:50

Одлуката на Владата за ослободување од работни обврски на бремените жени и лицата над 60 години важи до утре...

До утре Македонија и натаму под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Максималните ќе достигнат и до 40-от степен. И УВ индексот е многу висок- девет.

Одлуката на Владата за ослободување од работни обврски на бремените жени и лицата над 60 години важи до утре. Се апелира до граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија на отворен простор, кои можат да предизвикаат пожар.