Свет

САД: Косилка предизвика пожар и уништи 20 домови

26.07.2022 09:52

Сечилото на косилката најверојатно удрило во некои остатоци и генерирала искра што го запалила пожарот, вели локалниот пожарникар...

Пожар предизвикан од косилка за трева, зафатил речиси 300 метри суво поле и се проширил до предградие на Далас, уништувајќи 20 домови.

Сечилото на косилката најверојатно удрило во некои остатоци и генерирала искра што го запалила пожарот, вели локалниот пожарникар.

Засега нема извештаи за повредени.