Македонија

Пожарот кај „Криволак“ ставен под контрола

26.07.2022 10:06

Армиските и инфраструктурните објекти се на безбедно растојание од 5 до 7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот, велат од Генералштабот.

Пожарот кој избувна во источниот дел од полигонот „Криволак“, ставен под контрола. Армиски хеликоптер гаснеше од воздух.

Армиските и инфраструктурните објекти се на безбедно растојание од 5 до 7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот, велат од Генералштабот.

Непристапноста на теренот и можната опасност од неексплодирана муниција, евентуално заостаната од претходни вежби, причина зошто пожарот не се гасне од земја.