Регионална соработка

„Отворен Балкан“: Продолжува состанокот на работните групи во Тирана

26.07.2022 10:23

Се прави детална координација за заедничкото справување со кризата, поради недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото. На маса дефинирањето и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“, како и отстранување на работните дозволи.

Во Тирана продолжува состанокот на работните групи од Македонија, Албанија и Србија, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

Се прави детална координација за заедничкото справување со кризата, поради недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото. На маса дефинирањето и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“, како и отстранување на работните дозволи.

Македонската владина делегација ја предводи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а учествуваат и министрите за економија и за информатичко општество и администрација, Бектеши и Алити, како и замениците-министри за финансии и за земјоделство. На прес-конференција треба да бидат соопштени заклучоците од состанокот.