МВР: 271 санкции за брзо возење
34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 163 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 163 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
