Македонија

По 20 години решено станбеното прашање на сите припадници на Армијата

26.07.2022 12:11

Свои на своето, конечно решен проблемот за сопственоста на становите од фондот на поранешната ЈНА. Во Министерството за одбрана, на припадниците на Армијата кои користат вакви станови им беа доделени договори за сопственост. Во постапка за решавање сè уште 14-тина предмети...

Свои на своето, конечно решен проблемот за сопственоста на становите од фондот на поранешната ЈНА. Во Министерството за одбрана, на припадниците на Армијата кои користат вакви станови им беа доделени договори за сопственост. Во постапка за решавање сè уште 14-тина предмети.

По две децении конечно ставен крај на неизвесноста, празните зборови, стравот и неисполнетите ветувања. 40-тина припадници на Армијата ги добија договорите за откуп на становите во кои речиси живеат повеќе од 30-тина години, а доделени од станбениот фонд на поранешната ЈНА. За нив ова е најзначаен ден во животот.

Резултат на договорите е донесувањето на законското решение од минатата година.

Поради подолги административни процедури уште 14-тина барања се решаваат. Ресорната министерка уверува на позитивен исход и за нив.

Петровска на припадниците на армијата им порача, сега сте свои на своето, а Министерството секогаш ќе биде ваша поддршка. Така се гради силна армија и се мотивираат припадниците да бидат уште подобри и посветени во своите задачи.

Наташа Гркова-Петрушевска