Сѐ уште е активен пожарот меѓу Требичино и Василево
Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот во село Пчиња. Повреден е сопственикот на опожарениот помошен објект, кој е пренесен во кумановската болница.

Сѐ уште е активен пожарот меѓу струмичките села Требичино и Василево. Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во струмичко е на карпесто- ритчест и непристапен терен, а гори нискостеблеста мешана шума и висока трева.
Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот во село Пчиња. Повреден е сопственикот на опожарениот помошен објект, кој е пренесен во кумановската болница.
Пожарникарите вчера интервенирале во два наврати и на пожар во село Проевце кај „Ловечки дом“ кој минатата ноќ беше предизвикан од удар на Гром.
Пожарот кој избувна во источниот дел од полигонот „Криволак“, е ставен под контрола. Армиски хеликоптер гаснеше од воздух. Армиските и инфраструктурните објекти се на безбедно растојание од 5 до 7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот, велат од Генералштабот.
Од ЦУК предупредуваат на можноста за проширување на шумските пожари поради внатрешно тлеење на согорливиот материјал.
