Снег во Сараево и Хрватска
15.04.2014 13:00
Утрово Сараево беше обвиено со снег, а во Босна и Херцеговина е вистинско невреме и температурите се движат и до 7 степени под нулата. Од локалниот хидрометеоролошки завод јавија дека денеска во Босна ќе има облачно време проследено со дожд, а на повисоките места и снег.

Освен Сараево кое утрово осамна под снежна покривка, под снег се и повеќе предели во Хрватска. Од метеоролошката служба најавија снежни врнежи во планинските места до крајот на неделава. Поради снегот отежнато е движењето на автопатиштата каде на кловозите има снег од два до пет сантиметри.
Во Хрватска на Биоково наврнаа седум сантиметри снег додека снежните наноси во планинските места се и до половина метар, јавуваат хрватски медиуми.
Кај нас времето во следните денови се очекува да биде ладно, облачно и врнежливо, проследено со грмежи.