Топло време

Пожари во Калифорнија и дел од Европа

26.07.2022 13:28

Администрацијата на Бајден најави садење на над милијарда дрвја на во областите изгорени од пожари.

Конечно ставен под контрола најголемиот шумски пожар во Калифорнија досега годинава. Екстремно топлото и суво време ги попречуваа напорите на пожарникарите. Администрацијата на Бајден најави садење на над милијарда дрвја на во областите изгорени од пожари.

Во Германија пожар уништи површина од околу 800 хектари земјоделско земјиште и шума. Стотици луѓе од неколку села ги напушија своите домови. Според противпожарната служба ситуацијата е многу тензична и се потребни хеликоптери.

Во Франција, пак, суша. Во дел од земјата е забранета е употреба на вода за земјоделски цели. Пред околу две недели во југозападна Франција избувнаа пожари кои опустошија 21.000 хектари шума, а 36.000 луѓе беа евакуирани.