Коњаница од Битола изутринава тргна за илинденско Крушево
Како придружна манифестација на Илинденските денови за прв пат изутринава од пред платото на Офицерскиот дом од Битола за илинденско Крушево тргна 14 члена млада коњаница меѓу кои има и две девојки. Зa пет дена ќе одјаваат 175 километри. Прва попатна станица црквата Св. Михаил Гаврил, каде благослов добија од владиката Петар и градоначалникот Тони Коњановски...

Со цел да се даде свој придонес во негувањето на традицијата и одаде почит на славните илинденци, битолската коњаница за прв пат изутрината од пред платото на Офицерскиот дом, тргна за Крушево.
19 годишната битолчанка Ивана Петровска за прв пат е дел од една ваква манифестација. Вели желбата била голема.
По Широк Сокак, вистинска предилинденска атмосфера. Добро подготвените коњи и стајлингот на јавачите, говорат дека овие млади луѓе подготовките од поодамна ги започнале.
На долгиот пат прва попатна станица, црквата Св. Архангел Гаврил. Да се положи заклетва и избере војводата на коњаницата. По благословот на владиката Петар и градоначалникот Коњановски тие одјаваа по патеката по која треба на 31-ви да стигнат во Крушево.
Попладне предилинденските чествувања продолжуваат со дефилето по Широк Сокак, а потоа со познатото комитско и отворањето на Фестивалот на народни ора песни и игри Илинденски денови.
Стевче Митревски
