„Пејпер мил“ почна со работа со подобрен систем за намалување на штетните гасови
Единствената фабрика за рециклирање на хартија во државата повторно работи по пауза од еден месец. Од управата информираат дека го подобриле системот за заштита од штетни гасови, што им беше наложено од Државниот инспекторат за животна средина. Во август ќе има контролни мерења на испусните гасови од страна на акредитирана лабораторија. Кочанчани во надеж дека компанијата ќе ги почитува законите…

По речиси едномесечен прекин на работењето, од денес фабриката за рециклирање хартија „Пејпер Мил“ повторно започна со работа. Од таму информираат дека во овој период извршиле унапредување на производните процеси и го намалиле испустот на штетни материи од фабричкиот оџак. Вложено е во дополнителни вентилатори и каналски систем со дифузери, а поставени се мерни инструменти за регулација и континуирано следење на нивото на емисии.
Од „Пејпер мил“ истакнуваат дека е извршен зафат на вреќестиот филтер со што се гарантира намалување на цврстите честички во издувните гасови. Екологистите од Кочани со надеж дека фабриката во иднина ќе работи според стандардите на А интегрираната еко дозвола
Едномесечниот прекин на работењето дојде откако Државниот инспекторат за животна средина го задолжи „Пејпер Мил“ да работи на природен гас, до надминување на проблемот кој предизвика пораст на штетните материи, посебно јаглерод диоксид во воздухот.
Славица Величковска
