Нова опрема за прилепските пожарникари
Засега е релативно мирна ситуацијата со пожарите во прилепско. Дирекцијата за заштита и спасување достави нова опрема за прилепската единица која ги има староновите проблеми – недостиг од опрема и екипираност. Но, се будни за секоја интервенција …

Засега е релативно мирна ситуацијата со пожарите во Прилепскиот регион. За 50 насто се помалку од јули минатата година. Пожарникарите се будни за секоја интервенција. Но, им остануваат староновите проблеми – недостиг од кадар и опрема. Од 13 возила, најстарото е преку 40 години, 8 се во функција, но тешко се сервисираат. Потребни се уште десетина пожарникари. Превентивата е меѓу приоритетите.
Секоја опрема е добредојдена. Дирекцијата за заштита и спасување достави значајна опрема во случаи на елементарни непогоди. Се распределува и во 8-те единици во држава.
Локалните власти засега ангажираат сезонски пожарникари. Остануваат апелите на пожарникарите – крајна одговорност за да не се предизвика пожар.
Елизабета Митреска
