Евроинтеграции

Османи: Бугарската унилатерална нота нема никаква правна рамка, македонскиот јазик во ЕУ е чист

26.07.2022 13:55

Бугарската унилатерална нота нема никаква правна рамка, македонскиот јазик во ЕУ е чист- категоричен е Османи. Според неговиот португалски колега, прифаќањето на преговарачката рамка е историски момент. Одлуките не беа лесни, вели Кравињо, потенцирајќи дека Португалија и натаму ќе ја поддржува Македонија во процесот на пристапување во ЕУ…

Унилатералната изјава е политичка, а не историска во која успеавме да ги имаме трите најважни елементи од нашиот Устав и македонскиот јазик да е чист, иако како дел од францускиот предлог се состоела само од две реченици, истакна шефот на дипломатијата Османи по средбата со неговиот португалски колега, Кравињо. Тој рече дека унилатералната нота до Обединетите нации, Бугарија ја испратила уште во 2018-тата година веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор, но никој не известил за тоа, тврди Османи.

Шефот на дипломатијата на Португалија, Кравињо пак со честитки за македонското лидерство, за како што рече одлуката што го отвори патот за преговори со Европската унија. Посочи дека Португалија на земјава ќе ѝ даде и политичка и техничка поддршка. Не очекува билатералниот спор меѓу двете земји повторно да ескалира во текот на преговорите, бидејќи според него, ова прашање е веќе затворено.

Прашан за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се организира референдум, Османи посочи дека сите прашања кои се важни за македонската страна се обезбедени со францускиот предлог. За него единствено логично прашање би било-дали сте за стопирање на европскиот пат на Северна Македонија при тоа загрозувајќи го македонскиот јазик. Османи најави дека деновиве ќе оствари средба со членовите на мешовитата историската комисија за да разговара за наредните чекори.

Викторија Милевска