Регион

Хрватска: Официјално отворен мостот Пељешац

26.07.2022 14:06

Целиот проект, вклучувајќи ги пристапните патишта и купувањето земјиште од приватни лица, е во вредност од 525 милиони евра, од кои 357 милиони евра се обезбедени од грант од ЕУ. Тоа е најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска.

Официјално отворен хрватскиот мост Пељешац, кој го поврзува јужниот полуостров Пељешац со остатокот од земјата. Целиот проект, вклучувајќи ги пристапните патишта и купувањето земјиште од приватни лица, е во вредност од 525 милиони евра, од кои 357 милиони евра се обезбедени од грант од ЕУ. Тоа е најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска.

Мостот долг 2.400 метри го минува теснецот помеѓу селото Комарна на копното на земјата и селото Бриеста на полуостровот Пељешац. Ќе обезбеди директна патна врска помеѓу најјужниот дел на Хрватска и остатокот од земјата, кој во моментов е отсечен кај градот Неум, каде Босна и Херцеговина има пристап до Јадранското Море.