Ковачевски - Кравињо: Политичка и техничка поддршка во евроинтеграцискиот процес
На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка...

Премиерот Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на нашата земја.
На средбата премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот.
Министерот за надворешни работи на Португалија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст.
Кравињо го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.
