Македонија
Повреден сопственик на опожарен објект во кумановско Пчиња
26.07.2022 14:26
Тој бил пренесен во кумановската болница, каде му се констатирани полесни изгореници. По укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Жител на кумановско село Пчиња завршил со изгореници, обидувајќи се да го спречи проширувањето на пожарот којшто го зафатил неговиот помошен објект.
Тој бил пренесен во кумановската болница, каде му се констатирани полесни изгореници. По укажаната помош е пуштен на домашно лекување.
Пожарот во помошниот објект, во кој имало и добиток, избувнал утринава во четири часот. По пет часа интервенција на пожарникарите бил изгаснат.
На местото на настанот увид извешила екипа од СВР Куманово.
