ФИЛМ

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на фестивалот во Венеција

26.07.2022 14:36

По три децении, со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, Македонија се враќа на фестивалот во Венеција. Ќе се натпреварува во категоријата за најдобра режија, најдобар филм и главна улога...

Со филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, по три децении, Македонија се враќа на филмскиот фестивал во Венеција. Остварувањето започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина, наслоени искуства, вели таа. Филмот е базиран на вистинска приказна на авторката на сценариото, Елма Татарагиќ.

Првиот човек на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски, вели дека самата селекција на „Најсреќниот човек на светот“ во натпреварувачката програма на Венецијанскиот фестивал е огромен успех. Според Лазаревски, македонскиот филм нижи успеси со бројни учества на реномирани фестивали, номинации и награди, иако со ребаланс на буџетот се скратени околу 17% од предвидените средства.

„Најсреќниот човек на светот“ е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БИХ и Данска. Филмот е сниман пет и пол недели во Скопје и една недела во Сараево.

Наташа Јанчиќ Менковски