Временска прогноза

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно

27.07.2022 09:23

Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер...

Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за врнежи од град. Дневната температура ќе се движи од 29 до 39 степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура до 37 степени.