Украина

Зеленски ја доби наградата „Сер Винстон Черчил“

27.07.2022 10:10

Зеленски присуствуваше на церемонијата преку видео врска, а во Лондон беа членови на семејството Черчил. Џонсон го спореди раководството на Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина со раководството на Черчил во 40-тите...

Британскиот премиер Џонсон на украинскиот претседател Володимир Зеленски му ја додели наградата за лидерство „Сер Винстон Черчил“.

Зеленски присуствуваше на церемонијата преку видео врска, а во Лондон беа членови на семејството Черчил. Џонсон го спореди раководството на Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина со раководството на Черчил во 40-тите.

Зеленски им се заблагодари на Џонсон и на Британците за поддршката.