САД
Трамп навести трета кандидатура за претседател
27.07.2022 10:23
Обидот за негов импичмент, рече Трамп, и истрагата за нападот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година, се во насока да го спречат да се кандидира...

Поранешниот американски претседател Трамп навести дека е можно и третпат да влезе во трка за претседателската функција. Рече дека обидот за негов импичмент и истрагата за нападот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година, се во насока да го спречат да се кандидира.
Според извештаите во медиумите, може да се очекува тој во септември да објави дека влегува во трета претседателска кампања.
