Свет
Земјотрес со јачина од 7,1 степен на Филипините
27.07.2022 10:25
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Се почувствувал и во главниот град Манила, на повеќе од 400 километри оддалеченост од епицентарот, каде работниците и жителите се евакуирале од зградите и се собрале на улиците...

Земјотрес со сила од 7,1 степен по Рихтер регистриран на Филипините. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Се почувствувал и во главниот град Манила, на повеќе од 400 километри оддалеченост од епицентарот, каде работниците и жителите се евакуирале од зградите и се собрале на улиците.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги предупреди граѓаните од последователни потреси.
