Македонија

Куманово: Се претпоставува дека намерно се потпалува кај Ловечки дом

27.07.2022 10:45

Според податоците од Регионалниот центар за управување со кризи, тие прв пат интервенирале околу 13, а потоа и во 18 часот. На истата локација деновиве пожарникарите бележат дури шест интервенции.

Пожарникарите вчера два пати гаснеле потпалена сува трева кај Ловечки дом, во близина на кумановската бања. Според податоците од Регионалниот центар за управување со кризи, тие прв пат интервенирале околу 13, а потоа и во 18 часот. На истата локација деновиве пожарникарите бележат дури шест интервенции.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово укажуваат дека се справуваат со потпалена сува трева на различни локации во кругот на домот, што најверојатно како што велат покажува на намерно потпалување од засега непознато лице.