Македонија

Активни три пожари, најголемиот е на „Криволак“

27.07.2022 11:00

Активни се три пожари на истокот од земјава. Најголемиот е на воениот полигон „Криволак“. Во гаснењето учествуваат еден армиски и еден полициски хиликоптер. Според Центарот за управување со кризи, воените магацини се дополнително осигурени и целосно безбедни...

Активни се три пожари на истокот од земјава. Најголемиот е на воениот полигон „Криволак“. Во гаснењето учествуваат еден армиски и еден полициски хиликоптер. Според Центарот за управување со кризи, воените магацини се дополнително осигурени и целосно безбедни.

Вториот пожар е во атарот на селото Калуѓерница, во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица, каде гори дабова шума. Со интервенција на локалните противпожарни сили, е ставен под контрола.

Вчера гореше и во атарот на селото Требечино, во општина Василево. Во текот на ноќта пожарот го намалил интензитетот и според ЦУК, нема видлив активен оган. Доколку се разгори, дополнително ќе биде донесена одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот, соопштија од Центарот за кризи.