Пресуди за инцидентите на протестите пред Собранието
Кривичниот суд му изрече една година затвор на 26- годишен скопјанец, обвинет дека фрлил молотов коктел кон полицајците, а условна доби 19-годишник од Скопје, под обвинение дека го подготвил стакленото шише со бензин и ткаенина.

Уште две пресуди за инцидентите на протестите пред Собранието против францускиот предлог. Кривичниот суд му изрече една година затвор на 26- годишен скопјанец, обвинет дека фрлил молотов коктел кон полицајците, а условна доби 19-годишник од Скопје, под обвинение дека го подготвил стакленото шише со бензин и ткаенина. Предметот заврши со едно рочиште, по признавањето на вина.
Предходно, осудителни пресуди добија и Цуфи Кока кој впери пиштол во лицата што протестираа и пукаше во воздух кај Мавровка. Седуммина пак добија условни казни, откако признаа вина.
