Кожув го пречекува Куманово
Со натпреварот меѓу екипите на Кожув и Куманово, попладне стартува 4 коло од домашната кошаркарска “Супер лига“. Двата тима се во трката за едно од четирите први места, па се очекува љубителите на кошарката да гледаат уште еден интересен натпревар. Тоа ќе биде нивно петто соочување сезонава, а трето во рамките на државното првенство, во кое Гевгеличани ги добија првите две средби. Двата тима играа и во БИБЛ лигата, во која остварија по една победа на домашниот терен.

Во “Супер лигата“ Кожув има две победи досега, против Струмица на гости и во дуелот со Лирија на свој паркет, а загуби во третото коло на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром. Куманово почна со поразите против Лирија во Скопје и со МЗТ Скопје Аеродром дома, а во третото коло го совлада убедливо тимот на Работнички, исто така на свој терен. Другите два меча од ова коло се на програмата утре, а се среќаваат Работнички – Лирија и Струмица – МЗТ Скопје Аеродром.
Натпреварот меѓу Кожув и Куманово се игра во спортската сала “26 април“ во Гевгелија, а ќе го пренесуваме на МРТ 1 со почеток од 17.30 часот.