Водителка колабираше на сцена на дебата за лидерство на Конзервативната партија
Дебатата за лидерство на Конзервативната партија заврши порано од планираното откако водителката Кејт Меккен, колабираше...

Дебатата за лидерство на Конзервативната партија заврши порано од планираното откако водителката Кејт Меккен, колабираше. Претходно, Лиз Трас и Риши Сунак се судрија околу економијата.
„Британската влада рече дека ќе стои со Украина до крај. Како ги држите луѓето на страна? Како ги држите луѓето со вас кога тие страдаат и работите веројатно ќе се влошат?“, праша водителката Кејт Меккен.
„Цената да не се направи ништо за да му се спротивстави на Владимир Путин е огромна. Ако успее во Украина, нема да застане тука. Тој ќе ги оспори слободата и демократијата... О боже“... рече Лиз Трас, кандидат за лидер на Конзервативците.
Емитувањето потоа беше прекинато, а медиумот на кој се водеше дебатата објави дека водителката се онесвестила во етерот, но нејзината состојба е стабилна.
