РКЕ
Во петок одлука за новата цена на парното
27.07.2022 13:09
По раскинувањето на договорот со БЕГ и по одземањето на лиценците, Владата најави распишување отворен повик за избор на компанија што ќе ја преземе обврската за затоплување на скопјани.

Колку ќе чини парното по поскапувањето на гасот, одлуката Регулаторната комисија ќе ја донесе во петок. По раскинувањето на договорот со БЕГ и по одземањето на лиценците, Владата најави распишување отворен повик за избор на компанија што ќе ја преземе обврската за затоплување на скопјани.
Се чека Регулаторната комисија за енергетика да соопшти и нови цени на нафтените деривати. Со последната одлука, имаше поевтинување на бензинот за денар и на дизелот за денар ипол.
