Расте бројот на заразени со Ковид-19 во тетовско, интересот за вакцинација е мал
Со доаѓањето на печалбарите се зголеми бројот позитивни на Ковид-19 во тетовско. Вирусот се пренесува најчесто на свадби и други семејни веселби, каде нема никакви ограничувања, а препораките за носење заштитни маски не се почитуваат. Интересот за вакцинација сè уште мал…

Зголемени амбулантските прегледи на пациенти со симптоми на Ковид-19. На инфективното одделение во Тетово, дневно лекарска помош бараат над четириесетина лица. Над 60% од нив се позитивни на коронавирусот.
Лесната симптоматологија на новите соеви на вирусот не треба да ги олабавува луѓето, велат здравствените работници. Метежот по рестораните и свадбените веселби го раширија вирусот. Не се почитуваат протоколите и препораките, дури и во здравствените објекти.
И додека расте бројот на позитивни, интересот за примање на трета и четврта бустер доза во вакциналниот пункт во Тетово, деновиве минимално зголемен.
Дневно во вакциналниот пункт во Тетово, се инјектираат до четириесетина вакцини против Ковид-19.
Зоран Димовски
