Потврден нов случај африканска чума кај свињите
Нов случај на африканска свинска чума во одгледувалиште во Македонска Каменица. Надлежните уверуваат, преземени се сите мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичните зони...

Потврден нов случај на болеста африканска чума кај свињите во одгледувалиште на свињи во село Моштица, Македонска Каменица.
На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот. АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона сите општини во пограничната линија со Бугарија и Србија, во зоната на заразено подрачје во радиус од 20 километри од примарното жариште и целата територија на Македонија.
Прв пат Африканска чума кај свињите во Македонија беше потврдена во јануари годинава. Ако се следат препораките на надлежните простор за паника нема, вели првиот човек на Агнецијата за харана и ветеринарство.
За појавата на ново жариште на болеста африканска чума кај свињите, АХВ официјално ги извести Светската организација за здравствена заштита на животните и Европската комисија.
Наташа Јанчиќ Менковски
