Велика Британија

Штрајк на 40 илјади вработени во Велика Британија

27.07.2022 17:18

Британскиот железнички сообраќај во прекин поради штрајк на околу 40 илјади вработени...

Британскиот железнички сообраќај во прекин поради штрајк на околу 40 илјади вработени.

Бараат зголемување на платите, подобрување на условите за работа и побезбедни работни места. Железничките компании, пак, најавија намалување на трошоците што значи и помал број вработени.

Националниот синдикат на транспортните работици ја отфрли најновата понуда на работодавците за зголемување на платите, бидејќи оценија дека истата несоодветствува на инфлацијата која во Британија во јуни годинава изнесуваше 9,4 насто.

„Ние сме постојано во преговори со нив, но тие досега не ни дадоа никакви понуди што можеме да ги сметаме за разумни и прифатливи“, рече Мик Линч, генерален секретар на Синдикат.