Македонија

Поднесени обвиненија за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица

27.07.2022 18:01

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово...

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово. Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл. 292 ст. 4 в.в. со чл. 288 ст. 4 в.в. со ст. 2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи по чл. 206 ст. 1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по чл. 288 ст. 5 в.в. со ст. 4 в.в. со ст. 2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи согласно чл. 206 ст. 2 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик.

„ОЈО Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против тројца обвинети. Првите двајца се товарат дека сториле по едно кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ а третиот обвинет сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи“. Што се однесува до правното лице, тоа ќе се гони за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ и за „Непостапување според здравствените прописи“, велат од ОЈО Тетово.